Ковачевски повтори: И покрај сите потешкотии ЕУ е се’ уште најдобра опција!
Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент, вели премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Генералната дебата на Генералното собрание на ООН во Њујорк.
Ковачевски истакна дека разбира зошто граѓаните се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа, но дека ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард.
Премиерот нагласи дека и покрај сите потешкотии, Европската Унија е се уште најдобрата опција.
„Ние едноставно ја немаме ниту можноста, ниту привилегијата да се откажеме сега. Сега е вистинското време да продолжиме со полна пареа уште побрзо напред. Членството на Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата ЕУ посебно во новите околности на глобален план“, истакна Ковачевски кој додаде дека мора да се осигура евроинтеграцискиот демократски пат на Западниот Балкан како придонес во европскиот мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…