Ковачевски: Подготвени сме да разговараме со сите партии што го поддржуваат европскиот пат

t

По изборот на заменици на министри ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата, но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата, истакна пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски како предлагач на замениците министри во неговата Влада.

– Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството – тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече, меѓу другото, Ковачевски.

Според него, се зацврсти политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите, во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

– Но, Сојузот за Европа и окрупнувањето на проевропското мнозинство во Парламентот е потребно во име на натамошните реформи и европската иднина на граѓаните и на државата. Граѓаните му дадоа на овој Парламент прецизен мандат за европски квалитет на живот дома и интеграција во Европската Унија. Така е формирана и проевропската Влада и така работиме, според европскиот курс на државата, рече Ковачевски.

Тој посочи дека е неопходно Парламентот да биде критичар, ама не и кочничар на реформите и да ги застапува стратешките одредници на земјата, а не стратешките планови за лични или други туѓи цели.

Образложувајќи го својот предлог, премиерот Ковачевски од собраниската говорница истакна дека со изборот на новите заменици министри се заокружува реконструкцијата на Владата кој што ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните по трасираниот европси пат.

Тој се заблагодари на, како што рече, на прогресивното парламентарно мнозинство за поддршката со што се потврди дека во овој состав на Собранието има доминатно мнозински прогресивен капацитет со потенцијал ваквото мнозинство да расте.

– Ако се даде шанса на совеста верувам дека овој парламентарен состав има уште поголем прогресивен капацитет со што заедно можеме да ги осигураме европските перспективи што значи економскиот развој на државата и животниот стандард на граѓаните, рече Ковачевски.

Дебатата за реконструкцијата на Владата почна пред три недели, а според Ковачевски таа претставува можност граѓаните да видат но и секој да се преиспита што всушност застапува.

– Дали застапува стабилност на државата, извесност во економијата и во животниот стандард на граѓаните, безбедност – или, нестабилност на земјата, непредвидливост, неред, европски стандарди – или беззаконие, меѓународно изолирана држава – или европски интегрирана Република Македонија, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Делчевско ја нападнал и заклучил…

Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40),…

Сиљановска Давкова помилува жена осудена за убиство…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије…

Тетовец натепал полицаец во Комплексот клиники „Мајка…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.…

Цените на нафтата паднаа поради послабата глобална…

Цените на нафтата се намалија во четвртокот,…

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ…

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ…