Ковачевски потврди: Преговараме со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени – САД и овојпат ќе ја одигра својата улога
Преговараме! Вака кусо одговори премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите, на прашањето дали преговара со ВМРО-ДПМНЕ во врска со донесувањето на уставните измени, со кои ќе се овозможи влегување на Бугарите во Уставот.
– Не преговараме со Левица, нема зошто – додаде тој.
Во однос на тоа дали зборувал со некој пратеник од опозицијата, тој одговори:
– Никогаш не сум разговарал со некој пратеник како да одлучува. Обврска е на секој поединец да носи одлука која е од интерес на граѓаните. Ниту барам нотарски изјави, ниту барам некој слепо да го следи моето мислење. Настапувам со аргументи – рече Ковачевски.
Тој се осврна на директната поддршка од САД во врска со донесувањето на уставните измени и на изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка. Тој нагласи дека нашите стратешки партнери САД изразиле загриженост за блокадата од опозицијата во Собранието.
– Има директна порака до опозицијата. Мене не ми треба поддршка од опозицијата за мене, само што идеолошките разлики не можат да бидат пречка за развојот и за иднината на државата. Ескобар даде директна поддршка за уставните измени. Европскиот интегративен процес е неповратен процес и никој не може да го сопре. Опозицијата не треба да ме поддржи мене, туку граѓаните и државата на европскиот пат. Во опозицијата има дел луѓе кои не мислат како нивното раководство и тие треба да се охрабрат. САД преку нивната амбасада во Скопје секогаш биле присутни во поддршката на реформските процеси и верувам дека така ќе биде и сега – рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…