Ковачевски: По изборите, во мојот втор мандат ќе ја предводам новата, проевропска влада која ќе ја внесе државата во ЕУ

t

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ упати честитки до новоизбраниот состав на Владата, посакувајќи и успешна и ефикасна работа.

– Верувам дека ќе останат посветени на државните приоритети и ќе продолжат да делуваат активно во интерес на граѓаните, по европскиот пат кој го чекориме заедно. Голема благодарност до членовите на Владата во мојот мандат за успешно завршената работа и успешното справување со предизвиците изминативе две години. Не беше воопшто лесно, но успеавме да направиме многу. По изборите кои ќе ги спроведе оваа преодна Влада, во мојот втор мандат ќе ја предводам новата, проевропска влада, којашто ќе ја заокружи и втората стратешка цел поставена од независноста на државата – членство во ЕУ. Да живее европска Македонија, се вели во објавата.

За утре е закажано примопредавање на должноста меѓу досегашниот претседател на Владата и претседателот на преодната Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…