Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во одговор на новинарско прашање рече дека по изборите на 8 мај, како стандардна процедура, ќе има и избори во неговата партија.

Ова тој го искоментира како одговор на тоа дали ќе поднесе одговорност по големата разлика во првиот круг на претседателски избори помеѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

– Кај нас статутот бара одржување на отчетен конгрес со анализа на резултатите и после да има избори во кој се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор,потпретседатели и така натака,Тоа е стандардна процедура, рече Ковачевски.

Тој рече дека по изборите ќе се прават анализи на ниво на општинските организации, како и на ниво на извршниот и централниот одбор.

Во меѓувреме ги повика гласачите масовно да излезат да гласаат на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

– Граѓаните испратија јасна порака – таа порака ние јасно ја примивме, но со крената глава продолжуваме во вториот круг. Знам од што се незадоволни граѓаните, порача Ковачевски.

Тој додаде дека во негативен прилог во однос на изборниот резултат оделе серијата на глобални кризи и големата инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата жртва при распадот на Југославија: 33…

Триесет и три години од загинувањето на…

Значаен пад на цените на нафтата минатата…

На глобалните пазари минатата недела цената на…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…

Литијата со моштите на Свети Ѓеоргиј Победоносец…

На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества,…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…