Ковачевски: Правосудството е независно, Владата создава услови за унапредување на неговата работа
Правосудството е независно, а Владата само создава услови за унапредување на нивната работа, рече во интервју за Сител телевизија Димитар Ковачевски.
Тие институции не се во рамките на Владата, се работи за обвинителството и судството, така да за сите изјави и за сите елементи и факти во однос на тие процеси единствено тие се тие кои што ќе можат да дадат додатна информација, вели премиерот Ковачевски.
„Јас секогаш сум имал став во однос на работата и на обвинителството и на судството, тие според нашето уредување се независни во извршувањето на своите надлежности. Она што Владата има обврска да го направи тоа е да подготви соодветни законски решенија кои што ги има направено преку Министерството за правда и нормално изгласани во парламентот. Второ, да обезбеди независен буџет, што исто така го има направено. Трето, да обезбеди соодветна ренумерација на кадрите во обвинителството и судството, што исто така го има направено. Во време на најкризна година. Платите во овие институции беа зголемени. Исто така капиталните инвестиции воопшто не беа намалени ниту за судството, ниту за обвинителството, дури напротив за судството веќе се почнати инвестициите за дигиализација на судниците, сите судници и за воведување на систем за интеропарабилност за поврзување на судството со 7-те институции со кои што најмногу разменуваат информации.“ рече Димитар Ковачевски во интервјуто за Сител телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…