Ковачевски: Продолжува недвосмислената поддршка за Украина!
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус на вториот ден од Самитот на НАТО учествува на третата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржува на ниво на шефови на држави и влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На третата сесија земаа учество 31 земјa членки на НАТО и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
На третата сесија НАТО Сојузниците одлучија да продолжат со недвосмислена и силна поддршка за Украина и правото на самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. НАТО веќе има донесено одлука во 2008 година дека Украина треба да стане полноправна членка. На овој Самит се формираше Советот НАТО – Украина и се усвои надградениот пакет за долгорочна поддршка за Украина, за поддршка на реформите и трансформација на нивните воени сили согласно НАТО стандардите.
Дополнително, беше објавена и заедничка декларација на Г7 со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…