Ковачевски: Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво, но сѐ уште нема финален договор

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска уште еднаш потврди дека се одвиваат разговори со други политички партии за настап на изборите, но како што рече, финален договор сè уште нема.

„Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво, но не постои финален договор, што е и нормално, бидејќи се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Меѓутоа, има разговори со цел правење коалиција со политички партии кои имаат исти вредности, кои делат иста визија за државата, а тоа е Македонија членка на ЕУ, наспроти други политички партии коишто застапуваат некакви алтернативни решенија кои не ги ни објаснуваат и коишто никој не може ни да ги разбере бидејќи никој не ги ни видел“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на заедничката прес-конференција со премиерот Талат Џафери по примопредавањето на функцијата во Владата.

Ковачевски, исто така, рече и дека во партијата се подготвуваат оперативните активности во однос на другите градови и оти тече постапката за кандидирање на лица за претседател на државата и за пратеници, која, како што додаде, се одвива согласно динамиката усвоена во правилникот и роковникот од Централниот одбор.

Тој го најави и денешното отворање на промотивна канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје од каде што, како што рече, ќе ги започнат поконкретните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…