Ковачевски сака да се изгради болницата во Штип

t

Владата и Министерството за здравство ќе ја забрзаат постапката за изградба на новата Клиничка болница во Штип, којашто требаше да биде пуштена во употреба уште пред две години, но поради судски процеси и банкроти на фирмите кои работат на неа изградбата оди со забавено темпо.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски вели дека Владата донесе законска одлука врз основа на која ги задолжи и министерствата за здравство и финансии и другите институции по најитни постапки да направат ревизија на проектот, до каде се изведени градежните работи и веднаш да се отпочне постапка за изнаоѓање на изведувач којшто ќе ја доврши Клиничката болница во Штип.

-Во меѓувреме, заради инфлацијата на градежните материјали и напредокот на техниката итн., проектот којшто имало веќе анекси потпишувани во минатото за него, исцрпени законските можности за продолжување на проектот по договорот којшто бил потпишан во минатото, а за кои се воделе судски постапки, помеѓу компаниите вклучени во изведбата, на состанок помеѓу сите надлежни институции, и тука мислам од Јавно правобранителство, до надлежните министерства и институциите коишто се вклучени во оценката на спроведувањето на процедурата на, вели Ковачевски.

Забележа дека императив е да има нова болница во Штип, којашто им е потребна на граѓаните на Штип, меѓутоа и на околните места.

-Јас сум сега во Свети Николе и Свети Николе ја користи болницата во Штип, ја користи и Кочани, ја користат и други населени места во околината Штип и тоа го заслужува македонскиот исток, рече Ковачевски.

Пред две години Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип се повлече, а финансирањето за градба на овој објект продолжи со средства од буџетот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и…

МВР информира дека вчера по преземени оперативни…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Инвестиција од преку 300 милиони денари! Министерот…

Изградбата на браната Отиња не е лесен…