Ковачевски: СДСМ има јасна визија и план како да станеме членка на ЕУ

t

СДСМ има многу јасна визија за Македонија како земја членка на ЕУ, имаме многу јасен план како тоа да го направиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

-СДСМ е партијата која обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ, која што обезбеди членство во НАТО и која обезбеди отпочнување на преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Затоа велам, без СДСМ не постои европска Македонија. ЕУ за нас е единствена алтернатива од аспект на тоа што таа значи економски прогрес, обезбедување на економијата, значи социјална правда, и значи унапредување на демократијата. Да не заборавиме дека до 2016 година бевме заробена држава, без слободни медиуми и со комплетно партизирана админситрација која се злоупотребуваше од страна на ДПМНЕ, партија во тоа време на власт. И затоа велам дека она што го направивме нуди доволно аргументи дека во наредните 4 години СДСМ со проевропската влада која ќе ја предводиме ќе обезбеди членство на Македонија во ЕУ., рече Ковачевски.

Од друга страна ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…