Ковачевски се пофали: Субвенционираме 80% од висината на сметките за струја на домаќинствата

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во Прилеп, изјави дека тој и тимот во Владата преземаат повеќе одговорни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време кога земјите од Европа се соочуваат со економските последици од здравствената и енергетската криза.

-Продолжуваме да субвенционираме дури 80% од висината на сметките за струја за домаќинствата, а со Програмата за енергетска сиромаштија, 6.500 домаќинства со ниски приходи ќе продолжат да добиваат дополнително намалени сметки за електрична енергија, како и 35 семејства, кои се исто така од ранливи категории, подвлече Ковачевски, додавајќи дека се овозможи продолжување на Програмата за покривање на трошоците за енергија и огрев.

Ковачевски посочи дека во насока на обезбедување финансиска помош за најранливите категории граѓани, се и мерките за покачување на пензиите и покачувањето на најниските примања, кои опфаќаат 35.000 граѓани, во година која не е изборна и истакна дека во изминатите 20 години во државата, минималните плати и пензиите се зголемуваа само во изборни години.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…

Во сервис за возила на улица „Железничка“…

Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…

Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…

Без струја делови од Гази Баба и…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

Без струја денеска ќе останат дел од…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…