Ковачевски се сретна со Гир: ЕУ ги поздравува македонските ставови за воената операција на Русија во Украина
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски придружуван од заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава.
На состанокот е поздравено лидерството на Владата и брзата реакција за ситуацијата во Украина.
Премиерот Ковачевски ја потврди позицијата на Република Македонија во согласност со позициите на нашите стратешки партнери ЕУ, НАТО и САД, за најостра осуда на руската инвазија на Украина и поддршка и придружување на санкциите кон Руската Федерација.
На средбата е заеднички истакната важноста на европските перспективи на Република Македонија, што ќе значи охрабрување за европерспективите и на сите други држави од Западен Балкан.
Претседателот на Владата, Ковачевски рече дека, на домашен план Владата е фокусирана кон поддршка на животниот стандард на граѓаните и на компаниите и во насока на надминување на предизвиците од енергетската ситуација. Во врска со односите со Бугарија, премиерот Ковачевски истакна дека разговорите на премиерско ниво и меѓу членовите на работните групи се поставени на достоинствено ниво, со цел постигнување логички решенија врз база меѓусебно почитување и разбирање.
На состанокот е разговарано и за значењето на имплементацијата на европските проекти финансирани со европски пари, за што е констатирано дека е потребно одговорно однесување на локално ниво и од надлежните органи и институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…