Ковачевски се сретна со Гир: Скринингот се одвива според утврдениот календар

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари тет-а-тет средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

„Во фокусот на средбата беа евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, како и актуелните случувања и предизвици.

На средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите, кој, како што беше оценето, ќе се одрази позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз сите сфери на општеството.

Во таа насока, потенцирано е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој заеднички е утврден помеѓу Македонија и Европската Унија. Евроамбасадорот Гир ја потврди силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата“, информираат од Владата во писмено соопштение испратено до медиумите.

„Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија. При тоа, премиерот Ковачевски на средбата истакна, дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса која треба да се искористи сега. На средбата со евроамбасадорот Гир, премиерот потенцираше дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, за која имаме поддршка и од стратешките партнери“, се додава во соопштението на владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровден бил домашната слава на светите Кирил…

Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…

НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…

СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…

Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…

СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…

Договорот за испорака на руски дизел во…

Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…