Ковачевски се сретна со грчкиот амбасадор Кундурос: За што разговарале?

t

Премиерот Ковачевски се сретна со грчкиот амбасадор Кундурос.

Ова е владиното соопштение:

“Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Русос Кундурос, амбасадор на Хеленската Република во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за изборот на премиерот Ковачевски и новата Влада и е констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области од значење за граѓаните.

Пренесена е и силна и недвосмислена поддршка од Грција и премиерот Кирјакос Мицотакис, за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во најскоро време.

Оценето е дека европските интеграции на Западен Балкан се придонес во регионалната стабилност, можност за имплементација на европските стандарди во државите, а со тоа и развој на регионот, што се гледа како придобивка за сите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорот Кундурос за поддршката од грчкиот премиер и од Хеленската Република за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите, по членството во НАТО.

„Решавањето на политичките прашања помеѓу Северна Македонија и Грција со Договорот од Преспа, отвори простор за развој на економските односи. Како држава, учествуваме во енергетскиот проект Александропули, трговската размена со Грција е добра и тоа се само некои показатели дека односите меѓу државите се одвиваат во позитивен правец и во таа насока и ја продожуваме соработката“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е разговарано и за други актуелни прашања од значење за двете држави.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…

Низ улиците на Солун ечи народна македонска…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

АЈ НА ЗДРАВЈЕ ГРЧКО ВЕТО ЗА АЛБАНИЈА

Грчко вето за пристапните преговори на Албанија. …

Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…

Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…