Ковачевски се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман

t

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци.

Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…