Ковачевски се сретна со Ештадлер: Сега е совршен тајминг за почеток на преговорите со ЕУ

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Република Грција, по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари средба со австриска министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер.

Премиерот Ковачевски и австриската министерка за Европа Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји која се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјата со преку 45 компании присутни на пазарот во нашата земја, потенцираше на средбата премиерот Ковачевски, и додаде дека оптимистички делува и најавениот интерес на австриските компании да вложуваат во секторите енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Премиерот Ковачевски и министерката Едштадлер разговараа за можностите дополнително да се поттикне економската соработка меѓу двете земји за што потенцијал се гледа и во постојаниот раст на трговската размена која минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.

Во однос на заедничкиот интерес за прашањата за интеграцискиот процес на Македонија, премиерот Ковачевски на средбата истакна дека сега е совршениот тајминг за итно забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори за Македонија, затоа што на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа.

Македонија, нагласи премиерот Ковачевски, постигна 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ, и како кредибилен партнер ги споделува истите вредности на слободниот и демократски свет.

Македонија ја осуди руската агресија на Украина и заедно со земјите членки на ЕУ и НАТО, неиспровоцираната и неоправдана војна на територијата на една суверена држава ја оцени како најсериозна закана за европската безбедност по Втората светска војна, која нанесе огромно страдање на украинскиот народ.

На средбата меѓу претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и австриската министерка за европски прашања Каролин Едштадлер беше изразено задоволството на двете земји во соработката на безбедносните прашања со постојната поддршка на австриските полицајци во процесот на надзорот и контролата на македонската јужна граница, како и од помошта со противпожарни сили за време на летните пожари во Македонија во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…

Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ќе има ли средба Блинкен-Лавров во Скопје?

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот…