Ковачевски: Со државнички одлуки, обезбедивме европското и светското признание на македонскиот јазик

t

“На секој социјалдемократ му е гордост и тоа што нашата партија во изминативе години од Македонија направи земја која е носител на најпозитивните политички текови и процеси не само во Западен Балкан туку и во Европа и во демократскиот свет.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Штип.

Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ, вложи максимални политички напори, земјата да стане членка на НАТО и да отпочне пристапни преговори со ЕУ.

“СДСМ како владејачка партија успеа да ги реши најтешките политички прашања кои со децении земјата ја држеа во политичка, безбедносна и економска неизвесност.” – истакна Ковачевски.

Направивме историски чекори кои не беа на штета на нашата култура, на нашиот идентитет, на нашиот јазик, туку напротив не само што ги зацврстивме, туку ги реафирмиравме и ги потврдивме насекаде во светот, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Штип и истакна:

”Носејќи државнички одлуки, го обезбедивме и европското и светското признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, со што би се гордееле сите наши предци. Денес, македонскиот јазик е официјализиран, после Обединетите Нации и НАТО – и во Европската Унија. Дури и меѓу 10 те светски јазици на Вселенската Патријаршија.” Рече Ковачевски.

“Нашиот фокус е што побрза интеграција на земјата во ЕУ и нема да не поколеба токсичниот популизам и автократските тенденции, ниту лажните вести. Заедно со граѓаните ќе се избориме за членство во ЕУ.” – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…