Ковачевски уверува дека од Бугарија не може да има дополнителни блокади за патот на Македонија кон ЕУ

t

Не може да има дополнителни блокади од Бугарија поради билатерални прашања, бидејќи тие се решени во договорот, тврди премиерот Димитар Ковачевски за европската интеграција на Македонија. Тој од Германија посочи дека секој може да даде само забелешки на реформите, додека за малцинските права смета дека се уредени на врвно ниво.

„Не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, со тоа не може да има дополнителни блокади“, кажа Ковачевски.

Објасни дека во процесот на преговарање, секоја земја членка може да даде забелешки на начинот на спроведување на реформите. Пример даде со поглавјето за заштита на животната средина.

„Сите можеме да видиме дека Вардар е најзагадена река во Европа. Заштитата на животната средина е една од точките за пристап во ЕУ. За таа цел побаравме кредит за прочистителна станица. И тој проект не се работи оти Данела Арсовска не работи на тој проект. И на тоа секоја земја од ЕУ може да даде забелешка. Други прашања од билатерална природа се решени во билатералниот договор со Бугарија“, посочува Ковачевски.

За историските прашања – ќе одлучува историската комисија.

„Има историска комисија која носи свои одлуки, што на реципрочна основа се имплементираат. Тие не влијаат на процесот на интеграција во ЕУ. Во однос на малцинските прашања, ние сме горди бидејќи ако го споредите нашето законодавство и начинот на кои се уредени малцинските права – не постои земја каде се уредени на тој начин. Тоа е уредено на врвно ниво“, додаде Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…

Новата рунда разговори за мир во Украина…

Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…

БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…