Ковачевски: Честитки за нашите сограѓани кои ќе зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно поради новата минимална плата

t

Премиерот на Република Македонија, преку социјалните мрежи упати честитки за граѓаните, кои, како што пишува тој, ќе со го зголемат семејнит буџет за дури 45 евра откако денес беше изгласано покачувањето на минималлната пплата од 15 000 на 18 000 денари.

„Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност! Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина. За многу кратко време, од 4,25 минимални плати кои беа потребни во 2016 да се покрие потрошувачката кошничка, денес стигнавме до момент кога со 2 минимални плати се покрива целата потрошувачка кошничка. Нам како Влада ни е најважно сега, во услови на криза, секој денар од буџетот ефикасно да го користиме и да го пренасочиме кон граѓаните и стопанството. Во таа насока продолжуваме посветено да работиме и на зголемувањето на пензиите“, пишува Ковачевски на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…