Ковачевски ја нападна БЕСА: Престанете да се однесувате како опозиција во Собранието
Премиерот Димитар Ковачевски апелира до пратениците на движењето Беса да се однесува како опозиција во Собранието и да ја деблокираат работата на собраниските комисии со прифаќање на распределбата на местата во комисиите согласно со владиното мнозинство.
-Упатувам апел до Собранието и до политичките партии во Собранието дека согласно со распределбата на местата во комисиите и согласно со владиното мнозинство кое што е зголемено во рамките на оваа Влада и кое што е поддржано со 64 пратеника, со оглед на тоа што една од партиите која што беше дел од владата до изборот на оваа Влада реши да оди во опозиција, треба таа партија така да се однесува.
Вие не можете во четврток да бидете претпоставена власт, во четврток навечер да сфатите дека не сте власт и во петок да кажете сабајле слушајте ние погрешивме не мислевме вака, сега сакаме да бидеме власт, а да сме опозиција.
Ова е порака до нив дека треба да се однесуваат согласно со стандардите на парламентарната демократија и да ја организираат работата на Собранието согласно со процедурите и согласно со распределбата на местата не само во таа комисија, туку и во сите комисии, рече премиерот Ковачевски.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…