Ковачевски: Ја унапредуваме јавната администрација

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на Министерската конференција на Западен Балкан за реформи во јавната администрација, која во Скопје ја организираа СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

На настанот, на кој се обрати и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, организиран со цел да се прикажат и промовираат добрите практики за трансформација на јавната администрација, како и спроведувањето на реформите клучни за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, присуствуваа и ресорни министри од земјите на Западен Балкан, претставници на Европската комисија, донаторската заедница, регионални и меѓународни организации, граѓански организации, експерти и високи јавни службеници.

Ковачевски ја потенцираше нивната огромна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, помагајќи со конкретни проекти и преку компаративни искуства и успешни примери од други земји во делот на реформите, дигитализацијата на услугите и доброто владеење:

“Ми претставува особена чест и задоволство што сум денеска дел од оваа значајна конференција која претставува извонредна можност за дискусија и размена на искуства и ефективни практики кои ќе придонесат за трансформација на јавната администрација.Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети и е важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Македонија. Таа е опфатена во првиот Кластер, “Основи”, кој е пак е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина. Токму затоа, ние како земја која ги отпочна преговорите со Европската Унија, на овие реформски процеси гледаме како на клучни за развојот и динамиката на процесот на пристапување.Северна Македонија постави добри основи и остварува напредок во овој сегмент, што е и нотирано во Извештајот на Европската комисија, Извештајот од спроведениот мониторинг од страна на СИГМА, како и Заклучоците на Специјалната група за Реформите на јавната администрација, за 2021 година“, посочи премиерот.

Toj појасни дека овие документи покрај тоа што даваат реална и објективна слика на постигнатиот напредок, детектираат и области кои бараат дополнителни реформи со цел да се усогласиме со стандардите на Европската Унија.

„Со динамично темпо се справуваме со предизвиците што се пред нас, не само во насока на официјалното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија, туку и во континуираната заложба да обезбедиме модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и компаниите.Дигитализацијата сама по себе не е исклучиво техничко-технолошки, туку е и општествен процес и препознавајќи ја значајноста на истата, ние како Влада ја продолжуваме силната политичка посветеност на процесот на реформите на јавната администрација.Иако поради пандемијата бевме соочени со големи предизвици врзани со спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, сепак, процесот на реформа не запре. Нашите напори сите овие години, и покрај околностите, доведоа до подобрување на ефикасноста, транспарентноста и лесната достапност на јавна администрација. Оваа заложба беше препознаенa и од граѓанските организации, кои ја рангираа Владата на првото место според активната транспарентност“, кажа премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…