Ковачевски: Ќе видите кој е Дарт Вејдер ако се вратите 15 години назад во нашиот правосуден систем со монтирани процеси

t

На прашањето кој е Дарт Вејдер во македонското правосудство премиерот не одговори директно туку остави, како што рече на имагинацијата, креативноста и истражувачкиот потенцијал на новинарите.

„Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе можат да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време“, рече премиерот Ковачевски.

Тој претходно рече дека измените во Кривичниот законик се направени во согласност со законодавства кои важат во ЕУ.

„Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат“, објасни премиерот Ковачевски.

Иако измените на Кривичниот законик се изгласани и веќе стапија во сила, премиерот Ковачевски денес рече дека е добро за такви измени да има јавна дебата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…

Министерството за внатрешни работи планира да ги…

Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…

Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…