Ковачев: „Не сме ви непријатели, туку најблиски роднини и пријатели, застојот на европскиот пат не е резултат на бугарската, туку на македонската политика“

t

Европратеникот од редовите на ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев вели дека е неопходно градење искрени добрососедски односи и надминување на отворените прашања кои го попречуваат европскиот пат на Скопје.

Ковачев гледа на извештајот за Македонија како документ кои содржи неколку точки меѓу кои и почитување на историјата и исполнување на обврските, со додавање дека треба да има автентичност на доказите, или според него, инсистирање историските прашања да се разгледуваат исклучиво врз основа на факти и автентични извори, како и регионална стабилност.

Ковачев рече дека перцепцијата за Бугарија како непријател е вештачки креирана и дека реалната слика е сосема поинаква.

„Бугарија и Бугарите не се ваши непријатели. Ние сме најблиски роднини и пријатели“, кажа тој.

Вели дека политичарите во Македонија имаат одговорност и обвини за застојот на европскиот пат, за кој вели дека не е резултат на бугарската политика, туку на одбивањето на дел од политичарите во Македонија да ги исполнат преземените обврски и да го прифатат европскиот модел на добрососедство.

Ковачев вели дека целта на Софија е стабилна и просперитетна Македонија во рамките на европското семејство.

„Бугарија сака Македонија да биде дел од нашето заедничко демократско европско семејство, и тоа што е можно побрзо. Ве чекаме во Европската Унија“, кажа Ковачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две години затвор за поранешниот директор на…

Основниот суд во Битола му изрече две…

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…

Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Иран предупреди дека ќе одговори и на…

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач…

Тензии во Норфолк: Морнарите од носачот „Џорџ…

Семејствата на морнарите од американскиот носач на…