Ковачки до Спасовски: Наместо да апсат нарко босови најдоа продавница без фискална – Зошто правите забава за народот?

t

Пратенинкот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на неговиот Фејсбук профил објави критика за мнистерот Оливер Спасовски поради многуте неуспешни акции за кои се потрошени огромни суми пари.

Еве што вели Ковачки:

“Минатата година правеа акција “Планина” во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.

Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со Специјалци од МВР, инспектори од пазарна, трудова итн. Што е исходот?

Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.

Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!

На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.

За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив.” – стои во статусот на Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево…