Ковачки: Признание за придонесот кон одбраната, продолжуваме со работа и посветеност кон Македонија

t

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски, при што му беа врачени благодарница и признание за неговиот придонес во областа на одбраната.

Ковачки информираше дека на средбата во пријатна и конструктивна атмосфера биле разгледани прашања поврзани со одбраната и безбедноста, како и значењето на силните и стабилни институции.

„Денеска имав чест да бидам гост кај Министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, од кого ми беа врачени благодарница и признание за придонесот за одбраната. Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за прашања поврзани со одбраната, безбедноста и значењето на силни и стабилни институции. Искажувам особена почит за посветеноста, одговорноста и државничкиот пристап на министерот Мисајловски со кој ја води одбраната на татковината. Благодарен сум за укажаната чест и признание. Продолжуваме заеднички, со работа, посветеност и љубов кон Македонија“, соопшти тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протести во Њујорк откако агент на миграциската…

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Њујорк…

„Ќе продолжат да тонат“: Мицкоски за убедливата…

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше резултатите од…

Змии и гуштер шверцувани под седиште: На…

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, во…

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо…

Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ…

Мицкоски: Скопското Кале ќе се обнови и…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изврши…