Кога се има визија и напорно се работи нема недостижна цел: Гасификација на државата е реалност, вели Ковачевски
Кога се има визија и напорно се работи, нема недостижна цел. Гасификација на државата е реалност, завршени се градежните работи на најголемата магистрална гасоводна делница на гасоводот кој се протега од Куманово, преку Неготино до Битола во должина од околу 188 километри, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Гасификацијата е исклучително важен проект, ќе помогне во заздравување на економијата, намалувањето на аерозагадувањето, и ќе обезбеди пристап до поевтин енергент за граѓаните и компаниите. Тоа значи нови инвестиции, нови работни места и нова вредност на нашата економија, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…