„Кожувчанка“ со демант до СДСМ: Солидарноста е пред профитот, водата за Гостивар е под производната цена на компанијата!
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ.
Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари.
Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно.
Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна – се наведува во реакцијата од компанијата „Кожувчанка“.
Редакцијата на Инфомакс имаше увид во фактурата која се однесува на овие испораки на вода. На самата фактура е нагласено дека „Ова е исклучителна цена со цел поддршка на Тетриторијата на РСМ и е цена под производна цена на компанијата. Регуларна продажна цена на Изворска 1,5 изнесува 25 денари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кожувчанка“ со демант до СДСМ: Солидарноста е…
Како општествено одговорна компанија на која здравјето…