Кои се симтомите на вирусот кој се шири во училишта во неколку европски земји?
На потребата од поголема хигиена пред неколку дена укажа и професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, кој на Фејсбук објави дека има зголемен број на заболени со вируси, меѓу кои рота и хепатитис А.
Се повеќе европски земји пријавуваат случаи на заразени со вирус, кој го нарекуваат мистериозен, додека експертите, врз основа на симптомите, укажуваат дека се работи за хепатитис.
„Првиот симптом, е жолтата промена на бојата на белката во окото, потоа на кожата, урината е со темна боја ( слична на пивото), столицата е светла, а децата се чувствуваат слаби. Исто така некои имаат и губење на апетит, повраќање, дијареа и треска“,
објаснува РТС д-р Анета Јовановиќ, раководителка на педијатриско одделение и заменик директорка на Здравствениот дом „Палилула“.
Во Србија засега нема ниту еден случај на ваква зараза. Докторката укажува дека родителите треба да ги предупредат децата за хигиена на рацете, како и да ја мијат храната, овошјето и зеленчукот што се консумираат.
Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци.
На потребата од поголема хигиена пред неколку дена укажа и професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
„Укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба да престанете да ги миете рацете !!!!!!Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со бројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност. Миењето раце и одржувањето на лината хигиена, спасуваат повеќе животи од сите антибиотици заедно !!!!“, напиша докторот на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…
Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…
Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад…
Италија во догледно време нема да прифаќа…
Електрана во Велика Британија не работи четири…
Електрана во Велика Британија беше не работи…
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…