Колкави плати земаат функционерите?

t

Функционерите и годинава нема да добијат зголемување на платите. Пратениците уште утре ќе ги гласаат измените во шесте закони за да се спуштат коефициентите за пресметка.

Па така, претседателката, премиерот и спикерот со намален бод и натаму ќе земаат плата од околу 215 илјади денари.

Министрите, гувернерот и народниот правобранител – нешто над 176 илјади денари. Иста сума следува и за градоначалникот на Скопје. Малку пониска плата земаат замениците министри, како и градоначалниците на помалите општини.

Судиите се поделени во неколку категории и сите имаат различни коефициенти. Нивните плати се движат од 133 до над 160 илјади денари. Идентични се бројките и кај јавните обвинители.

Државниот јавен обвинител има месечни примања од над 176 илјади денари. Толкава плата земаат и членовите на советот на јавни обвинители и судскиот совет, а нивните претседатели се платени со над 190 илјади денари.

Ако не се намалат коефициентите, платите на над илјада функционери ќе пораснеа за над 200 евра па нагоре.

-Средствата што ќе бидат заштедени со ова намалување, кое започнува веќе со исплатата на февруарската плата, ќе останат во буџетот и ќе можат да се пренаменат за проекти кои се од директна корист за граѓаните, за подобро здравство, подобро образование и социјална помош. Повикуваме на широка поддршка во Собранието. Ова не е прашање на партиска припадност, туку прашање на морал и етичка одговорност пред граѓаните кои нè избрале. Функцијата е служење на народот, а не привилегија – кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Ова ќе биде трето намалување на бодот за сложеност откако Уставниот суд пред 3 години ја одмрзна основницата и сега како расте просечната, така енормно растат и платите на функционерите секоја година.

Уставниот суд лани во декември одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на намалените коефициенти за пресметка на платите на судиите и обвинителите. Според Уставен, тоа влијаело на успешноста во извршување на работните обврски, а и меѓународните стандарди гарантирале дека во текот на работниот век е забрането намалување на нивните плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…

Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…

Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…

Апел за помош: Останавме со само 22%…

Апел за помош Останавме со само 22%…

Мнав кривично го гони Управниот одбор –…

Македонска навигација го „бомбардира“ Обвинителството за гонење…

Украинец уапсен во Пула: Кој е човекот…

Украинецот кој денеска беше приведен во Пула…