Колку гас и треба на Европа оваа сезона?
Колку гас и треба на Европа оваа сезона? Одговорот на тоа прашање неделава го даде здружението GIE (Gas Infrastructure Europe): на почетокот на декември нето повлекувањето на гасот од подземните складишта на блокот беше во просек 563 милиони кубни метри дневно, додека во ноември тоа бројката беше само 157 милиони кубни метри дневно.
Така, „итните“ резерви на природен гас во подземните складишта во Европа се намалуваат, бидејќи студеното време го натера блокот да користи повеќе гориво поради зголемената потрошувачка на енергија.
Во декември, ЕУ испумпуваше четири пати повеќе гориво од своите залихи во споредба со ноемврискиот просек, според пресметките на оваа куќа, врз основа на податоците на GIE.
Залихите на гас во ЕУ паднаа за 6,3 отсто од капацитетот, на 93,3 отсто, а ова доаѓа откако блокот објави дека количината на природен гас во октомври скокна на највисокото ниво во историјата – од речиси 98 отсто.
Дополнително, производството на обновлива енергија, како што се турбините на ветер, падна во декември, покривајќи околу 15 отсто од енергетските потреби на блокот, покажаа податоците. Во меѓувреме, руски Газпром продолжува да испорачува гас за транзит до Западна и Централна Европа преку Украина, преку единствената преостаната станица Суџа.
До почетокот на декември беа испорачани околу 42,4 милиони кубни метри дневно. Иако испораките на гас во ЕУ во моментов се доволни, аналитичарите предупредуваат дека тоа може да се промени во текот на зимата.
Исто така, експертите велат дека пазарот на ЕУ ќе има големо влијание од потрошувачката на гас во Азија, бидејќи се очекува земјите од Јужна Азија да станат главни двигатели на побарувачката за пазарот на ЛНГ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 26 август ќе започне изградбата на…
Премиерот Христијан Мицкоски најави интензивирање на градежните…
Во септември се очекува покачување на пензиите…
Пензионерите во Македонија во септември се очекува…
Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти…
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…