Објавено на:

Колку повеќе оружје ѝ испраќате на Украина, толку повеќе целиот свет е во опасност, вели Медведев

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, вели дека изјавите на украинските власти дека не биле вклучени во диверзантски напади на руска територија се нарече „апсолутна лага“.

„Колку и да зборуваат во Киев дека немаат никаква врска со ваков вид диверзантски напади, сето тоа е лага, се разбира, апсолутна“, рече Медведев, одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата во регионот на Белгород.

„Режимот во Киев е одговорен за нив, а на крајот и неговите спонзори во странство. Тоа е Вашингтон и земјите на ЕУ, заедно со државите како Британија кои им се придружија итн. Тоа е нивна директна и непосредна одговорност“, нагласи тој.
Во врска со испораките на авионите Ф-16 во Украина тој нагласи дека колку повеќе оружје ѝ се испраќа на Украина, толку е поголема опасноста за целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…