Објавено на:

Колку се заштитени медиумските работници?

t

Кај три вербални напади врз новинарки во 2021 година, заканите доаѓаат од политички фигури. Тоа говори многу за ниската култура за јавна комуникација на релацијата носител на јавна функција – новинар, но говори и за тоа дека носителите на јавни функции лесно се охрабруваат да упатуваат закани кон новинарките.

Важно е да се знае дека за ниту еден од овие три предмети ОЈО или МВР немаат отворено предмет и покрај тоа што дел од заканите биле пријавени во полиција, стои во најновата публикација „Напади врз новинари и медиумски работници 2017 – 2021: тенденции и препораки“ во која ЗНМ покрива некои од посериозните прекршувања на правата на медиумските работници во земјава,

Во периодот од 2017 до 2021 година, во Регистарот на ЗНМ забележани се дури 42 напади врз новинарите и медиумските работници. Од нив, најчеста форма на загрозување на безбедноста на новинарите се вербалните закани.

Од 42 случаи на напади врз новинарите, дури 25 се случаи на вербални закани кон новинарите, 14 се физички напади врз новинарите, два се напади врз медиумите/медиумските организации и еден напад е во вид на лишување од слобода врз новинар.

Со какви напади се соочиле медиумските работници?

Во 2017 година во Регистарот на ЗНМ биле регистрирани 16 напади врз новинари и медиумски работници. Од нив, шест биле вербални напади кон новинари, девет физички напади, а имало и еден случај на уништување личен имот.

Во 2017 година се случи и „крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието, кога беа нападнати дваесетина медиумски работници, а дел од нив правдата ја побараа на суд. Нивните тужбени барања беа одбиени од страна на Основниот граѓански суд во Скопје.

Во 2019 година биле регистрирани четири посериозни случаи на напади врз новинарите, но и дваесетина други помали закани и инциденти. Најсериозен напад бил оној врз екипата на ТВ 21 во Општина Арачиново.

ЗНМ во 2020 година забележало 12 закани кон новинарите, еден физички напад и еден напад врз медиум. Од регистрираните 14 напади врз новинарите во Северна Македонија, дури во девет случаи жртви на нападот биле новинарки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот министер за надворешни се сретна со…

Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба изјави…

Интернет детство: Како да ги заштитите вашите…

Важно е родителите да не се плашат…