Колку јазици може да зборува една македонска песна? „Т`га за југ“ – културен, литературен и поетски амбасадор на Македонија во светот
Колку јазици може да зборува една македонска песна?
„Т`га за југ“ зборува на македонски и уште 43 светски јазици на кои е преведена. Едно од најголемите достигнувања на македонската поезија, култура, литература и најголем македонски литературен амбасадор во светот. Константин Миладинов не ја опеа само носталгијата кон родниот крај, создаде култно дело кое денес е инспирација за светски познатата и најпрестижна поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
Шеесет и петтите „Струшки вечери на поезијата“ беа отворени вчера со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.
На јубилејните 65. „Струшки вечери на поезијата“, кои годинава се одржуваат под мотото „Каде што живее поезијата“ учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство. Покрај добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, учествуваат и еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Мексико, Шпанија, Кина, Италија, Монголија.