КОЛКУ ЌЕ НЕ ЧИНИ СТРУЈАТА ОД 1 ЈУЛИ? Државната ЕСМ ќе ѝ ја продава по 53 евра за мегават на ЕВН
АД ЕСМ доставила до ЕВН Хоум како универзален снабдувач, понуда за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават час за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
– Оваа цена е за околу 5,35% пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас – информираа од ЕВН Хоум.
За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.
Од ЕВН Хоум информираа дека понуда на тендерот пристигнала само од АД ЕСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…