Командантот на КФОР бара од Курти да избегнува еднострани дејствија
Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ на средбата со косовскиот премиер Албин Курти истакна дека „треба да се избегнат еднострани дејствија што би можеле да ја влошат ситуацијата и да се одржува соодветна координација меѓу сите заинтересирани страни“ соопшти синоќа КФОР.
Средбата меѓу Улаташ и Курти е одржана по неодамнешните акции на косовската полиција, кои доведоа до затворање на шест филијали на Поштенска Штедилница на северот на Косово.
„Тој, исто така, ја повтори непоколебливата посветеност на целиот персонал на КФОР да продолжи со спроведувањето на долгогодишниот мандат на мисијата на ОН за безбедна средина за сите луѓе кои живеат на Косово и слобода на движење.
Ја повтори целосната поддршка на НАТО за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ како единствен начин за решавање на отворените прашања за доброто на сите заедници“, се наведува во соопштението.
Командантот на КФОР, како што се наведува во соопштението, јасно ставил до знаење дека „улогата на КФОР е се уште суштинска за регионалната стабилност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…