Командантот на КФОР: Ситуацијата во Косово е мирна, но многу нестабилна
Командантот на КФОР, генерал-мајор Ангело Микеле Ристуќа, изјави дека ситуацијата на Косово е мирна, но сепак „многу нестабилна“, како и дека тензиите меѓу двете страни се уште се високи поради политичките разлики и дека единственото решение за Таквата ситуација е политичка, а не воена, пренесува Гласот на Америка.
„Ситуацијата е мирна по настаните од 29 мај. Сепак, на некој начин се уште е многу нестабилна. Забележуваме тензии поради неколку нерешени прашања“, изјави Ристуќа за новинарите во Брисел.
Според него, најзагрижувачка е недовербата меѓу двете партии.
„Ако требаше да поставиме дијагноза за тоа што се случи, би рекол дека најзагрижувачка е недовербата – недовербата меѓу партиите. Тоа значи дека нема воено решение. Единственото решение е политичко“, рече командантот на КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…