Објавено на:

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на аеродромот во Франкфурт починаа од маларија

t

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија, починаа од маларија откако се заразиле од комарци пренесени со авиони во Германија од региони каде што болеста е ендемска, соопштија операторот на аеродромот Фрапорт и градските здравствени власти, јави Би-би-си.

Првиот работник починал на почетокот на јули, а вториот во август, соопштија здравствените власти на Франкфурт, додавајќи дека причината за болеста е утврдена дури откако пациентите починале.

ДПА јави дека вкупно шест работници се заразиле со тропска маларија, најопасната форма на болеста, додека работеле на аеродромот. Останатите четворица заразени заздравуваат.

Институтот за јавно здравје Роберт Кох првично пријави четири случаи на маларија кај аеродромски работници.

„Луѓето се разболеле помеѓу 4 и 6 јули оваа година. Се претпоставува дека инфекцијата ја пренел заразен комарец (anopheles) пренесен на авион“, соопшти институтот во својот епидемиолошки билтен.

Директорот за здравство на градот, Петер Тинеман, уверува дека нема веројатност болеста да се пренесувала од човек на човек и не постои ризик за жителите на Франкфурт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

На Инфективна во Скопје хоспитализиран пациент заболен…

На Инфективната клиника во Скопје потврден е…