Коментарите на Рама нема да влијаат на долгорочните интереси на Бугарија и Албанија

t

Главниот експерт во бугарското Министерство за надворешни работи Жељазко Радуков денеска изјави дека Бугарија е импресионирана од креативноста на албанскиот премиер Еди Рама за изнаоѓање на оправдувања, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Радуков, изјавите нема да влијаат на долгорочните интереси што Бугарија ги има со своите партнери – албанскиот народ и албанската држава, како и топлите чувства што ги има кон нејзините пријатели Албанци.

Сето ова е минливо и можеме да го оставиме зад нас, истакна Радуков за тврдењата на Рама дека Бугарија го одложила приемот на Албанија во ЕУ за осум години.

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера реагираше на изјавата на Рама, а подоцна беше остварена средба и со амбасадорката на Албанија во Софија, Доника Хоџа.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…