ЗАРАЗЕНОТО ДЕТЕ СО МОРБИЛИ ПУШТЕНО НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Д-р Мемедовиќ вели дека Комисијата ја следи состојбата, донесени неколку препораки
Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на случаи на морбили што би можеле да се очекуваат, соопшти денеска портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
– Прва и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин ќе можеме побрзо да го ублажиме процесот на ширење на новодетектираните случаи. Второ, да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и помеѓу популацијата за постоење на случај на морбили. Третата препорака се однесува на матичните лекари, педијатрите и инфектолозите, внимателно да ги следат сите симптоми што се карактеристични за морбили, да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје. Матичните и педијатрите, суспектните случаи да ги препраќаат до специјалисти инфектолози, за понатамошна дијагностика. Сите материјали што ќе бидат од тие случаи треба да се испраќаат до референтната лабораторија во Институт за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се направи дополнително и преглед во документацијата на сите што не се вакцинирани деца, или не се комплетно, да се вакцинираат. Да се засили процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на вакцината како најефикасен начин за контрола и ублажување на последиците од морбили, појасни тој.
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести бил разгледуван единствениот случај на морбили, што се појави во земјава.
– По подолг временски период, 2019 година беше последниот случај. Се работи за детенце од 13 месеци регистрирано во Свети Николе, беше хоспитализирано во клиничката болница Штип, беше на Инфективното одделение. Пуштено е на домашно лекување и домашна изолација. Тоа е во добра и стабилна здравствена состојба. Се очекува да нема никакви последици по здравјето на детето, информираше Мехмедовиќ.
Според информациите што ги добиле, 13 дена пред симптомите, детето имало посета на Институт за микробиологија и клиника за очни болести Скопје, заради инфекција на очите.
Се работи на епидемиолошка анализа. Сега засега, нема дополнителни суспектни случаи со клиничка слика.
Мехмедовиќ нагласи дека оваа вакцинација е задолжителна и тоа треба да се почитува. Невакцинирањето на детето има меѓу другото и правни последици. Тој потсети дека се уште е во сила мерката, детето да не може во градинка без примена вакцина.
– Постојано апелираме да се вакцинираат, за да го заштитиме здравјето на децата, подвлече Мехмедовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…
Унгарската Национална служба за обновување и заштита…