Комисијата за имиња и вчера не е дооформена, ќе се пробие рокот за бришење на „Цар Борис“ и „Иван Михајлов“

t

Владата на вчерашната седница не ја докомплетираше Комисијата за употреба на имиња, која има рок до утре да ги провери називите на сите 17.000 регистрирани здруженија и фондации во Македонија и за оние кои во имињата имаат личности поврзани со нацизам, геноцид, фашизам, Третиот рајх да издаде мислење дека не се усогласени со законските измени на Законот за здруженија. Потоа министерот за правда требаше врз основа на тие мислења да издаде решенија за неусогласенст, а потоа Централниот регистрар да ги ликвидира здруженијата врз основа на решенијата од министерот.

Од Владата неофицијално велат дека Комисијата за имиња не е докомлетирана ниту на вчерашната седница и дека имаат став за настанатата ситуација, но официјалниот став се уште не е пристигнат до редакцијата на „Слободен печат“. Штом ќе пристигне, ќе го објавиме.

Петчлената Комисија за употреба на имиња, која е формирана врз основа на законските измени на Законот за здруженијата, само што се формираше, брзо се растури. Во текот на февруари прво од неа замина едниот член од МАНУ, оти по професија е уролог и не сака да учествува во работата на таква Комисија, а потоа замина и членот номниниран од Министерството за култура затоа што го напуштил работното место во Министерсвото. Оттогаш се очекуваше дека Владата ќе именува нови членови на предлог на МАНУ и Министерството за култира, но работата запна и до денес Комисијата не е дооформена. Претходно сите здруженија добија рок од три месеци да се усогласат со законските измени, а потоа Комисијата во рок од еден месец требаше да провери дали сите се усогласени и оние кои не се, да бидат избришани во пропишаната постапка.

Извори од Комисијата „Слободен печат“ велат дека се очекуваше на вчерашната седница да бидат назначени новите два члена, за да можат денеска и евентуално сите петорица да заседаваат и да ги донесат потребните одлуки во предвдениот законски рок.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…