Комисијата се изјасни: Дете кое има примено три дози Ди-Те-Пер може да оди во градинка, но мора да прими и ревакцина

t

Дете коешто ја завршило примарната имунизација, односно има примено три дози од вакцината Ди-Те-Пер, може да посетува градинка, но по истекот на шест месеци од последната вакцинална доза треба да прими и ревакцина, соопштија денеска од Комисијата за заштита од заразни болести (КЗБ).

„Деца со вакцинална доза од три вакцини, ја завршиле примо-имунизацијата во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година. Сега, го кратиме тој период на шест месеци. Децата коишто ја завршиле примо-вакциналната серија во последните шест месеци треба да им биде дозволено да влезат во градинка, со напомена дека ревакцината треба да ја примат најрано после шест месеци од примањето на третата доза“, рече претседателот на КЗБ, др. Александар Петличковски.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…