,,Комитите” најавуваат и повикуваат: По неколку години пауза поради Ковид-19, оваа година повикуваме на масовност за Водици!

t

,,Комитите” најавуваат и повикуваат:

МАСОВНОСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ!

За жал, поради Ковид-19 пандемијата претходните 3 години одржувањето на Водици беше сведено на минимум. Веќе 10-тина години членовите на нашата навивачка група организирано скокаат во осветените води на реката Вардар по Светиот Крст.

Оваа година повикуваме на масовност!
Пријавувањето се извршува во просториите на МПЦ до Соборниот Храм “СВ. Климент Охридски” најдоцна до Вторник 17.01.2023.

Потребно е лична карта и потврда од “Спортска Медицина” која се наоѓа под Кале и прегледот е бесплатен.
Работното време на здраствената установа е до 14:00часот.

Сите капачи, но и сите присутни на настанот ќе може да си купат маичка која чини 350денари изработена од нашата навивачка група. Сите собрани средства одат за помош за фукционирањето на истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…

(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…

Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…

Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…

Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…