,,Комити”: Благодарност до Градот Скопје, бидејќи ја препозна и ја стимулира убавата енергија

t

Соопштение од Комитите:

Благодарност до Градот Скопје, бидејќи ја препозна и ја стимулира убавата енергија, која се генерира во градот и општеството преку ФК Вардар веќе подолго време.

Градот е тој кој во моментов дава логистичка поддршка, и градот е тој кој ни овозможува малку да здивнеме, преку поддршката за реализација на овие припреми во Златибор.

Очекуваме таму, далеку од сите бури и случувања околу клубот, да се пронајдат себеси, сопствениот мир и хармонија, да се креира неопходната хемија, која понатаму ќе придонесе сите тие да го дадат максимумот на теренот, и достојно да не исправат пред предизвиците со кои ќе се соочуваме.

Повик до општините, овојпат тие да го следат примерот на градот, како што градот го следеше нивниот пример предходно. Активирајте се, сега е време за тоа !

Можеби во општеството се создаде слика дека се срушени многу мостови, а сепак останува еден огромен нескршлив мост, кој продолжува да ги поврзува населбите, општините и скопјани, симбол кој продолжува да ја сплотува Македонија. Тој монументален симбол, гордоста на градот и татковината со име – Вардар, е изграден, негуван, и сакан токму од народот. Затоа се должни сите да го почитуваат.

Вардар е Македонија !
Па токму затоа никој не може да биде над Вардар !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топло до 38 степени, а потоа невреме:…

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…