,,Комити”: Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар – Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо

t

Навивачите на Вардар, популарните Комити распалија. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!

Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!

КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…