„Комити“ закажаа прес-конференција и ги повикаа директорите на Вардар: Ајде да ги расчистиме сите дилеми
Доаѓањето на новиот сопственик и изборот на новиот раководен тим не ги задоволи најзагреаните навивачи на Вардар кои се уште бараат ревизија на донесените одлуки.
Поради тоа, за утре напладне тие свикаа прес-конференција на која се надеваат и на присуство на членовите на одборот на директори.
„Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, најавуваме вонредна прес-конференција.
Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ,,Јане Сандански” во населбата Аеродром, во среда(20.11.2024), со почеток од 12:00ч. Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува!
Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата“, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…