Комити отворија „Народен фронт“ против тие што мислат дека се над Вардар!

t

Членовите на Комити, најверните навивачи на најтрофејниот фудбалски колектив кај нас Вардар, вечерва со соопштенија најавија отворање „Народен фронт“ за клубот кој е во криза што најдобро се гледа со четирите порази по ред и претпоследното место на табелата по 10 рунди од Првата лига.

Тие повикаа обединување на сите генерации на трибините на мечот против Тиквеш закажан за в среда на арената „Тодор Проески“ и тоа против тие што мислам дека се над Вардар.

„Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ – ЗА ВАРДАР! Во среда на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи – секој член, сите оние кои размислуваат поинаку! Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО! Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане! Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА“, велат членовите на Комити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Во контакт сме со Илон Маск

Русија е во контакт со американските партнери,…

ТАВ Аеродроми: Над 3,6 милиони патници за…

Порастот на бројот на патници на двата…

Нова пријава против Стојна Димитровска – повторно…

Нова пријава против кратовката која го узурпираше…

Мицкоски до граѓаните на Брвеница: Не гласајте…

Зборувајќи за претстојниот втор изборен круг на…

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка…

Најновите извештаи на Светската банка и Европската…