Објавено на:

Комитска инвазија на Кавадарци, Вардар преку Скопје ја бара визата за Прва лига!

t

Скопје или Вардар денеска попладне (17 часот) во Кавадарци ќе решаваат во меѓусебната пресметка за тоа кој ќе биде 12-от член на Првата лига во новата сезона, дали „пиратите“ ќе останат трета сезона по ред во елитата или најтрофејниот македонски клуб после две второлигашки сезони ќе се врати таму каде што му е местото.

Вистинска инвазија на вардарци предводена од најверните Комити денеска ќе го обојат Кавадарци во црвено-црно, во обид со поддршката да му дадат дополнителен ветер во грб на миленикот да излезе од калта во која две години се заглави во второлигашкото друштво, како најава и за расчистување на состојбите во клубот во акциите на навивачите и враќање на старите патеки на 12-кратниот македонски првак.

Скопје на хартија е фаворит, прво поради подолгиот ростер, потоа поради повеќето фудбалери со сериозно искуство од прволигашки мечеви, со играчи кои имаат неспорен квалитет – од Филип Дурански со интернационално искуство, некогашниот вардаров бисер Леонид Игњатов, кој по распадот на последниот шампионски тим имаше неуспешен обид за интернационална кариера во сплитски Хајдук, сѐ до низата африкански интернационалци кои можат да решат меч…

Но, во еден дуел, без оглед на тенкиот ростер кој го има Вардар и без својот најдобар играч и креативец Дарко Мицевски, сепак црвено-црните не се без шанса, зашто фудбалот многупати досега покажал дека изненадувања се можни, дека не секогаш фаворитот на хартија победува, па ниту екипата која на теренот е подобра и во 90 или 120 минути, зашто во секунда сѐ може да се промени и исходот да биде поинаков од случувањата на теренот.

Тоа што е сигурно е дека огромната поддршка за Вардар ќе биде не само мотивација, ама и дополнителна енергија за избраниците на Бобан Грнчаров да го одиграат и најдобриот меч сезонава и да се протнат како последен учесник во прволигашката конкуренција. Бидејќи е еден меч, сѐ и сешто може да се случи, па и пенали да решаваат, иако лани прволигашите во пресметките со второлигашите сепак покажаа повисока класа, па Скопје на таков начин преку Беласица остана во домашната елита.

Вардар и Скопје во изминатава повеќе од деценија немаат многу меѓусебни дуели, последните два во година ипол им се пријателски, а „пиратите“ имаат две победи во овој период од 2010 до 2021 година и тоа минимални со по 1-0 (2010 и 2018), но еднаш тимот од Автокоманда кумуваше на испаѓање на Вардар.

Во мај 2011 година, на Градски во меч со повеќе лежење одошто трчање, ремито 0-0 го најави испаѓањето на црвено-црните, кое потоа беше само заверено, но Вардар тогаш не го почувствува второлигашкиот фудбал после фузијата со Мирацви за да остане прволигаш. Сега, Скопје вторпат игра меч со најголем влог против најголемиот македонски клуб, вторпат директно инволвиран и за својата судбина.

За Вардар самото испаѓање во Втора лига пред две години беше катаклизма, па евентуелен неуспех и денеска ќе биде премногу за потонатиот македонски великан, сезонава оставен само на навивачите и фудбалерите без денар да ја бранат честа и гордоста на дресот и славната историја.

Мечот ќе го суди најдобриот македонски арбитар Александар Ставрев.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…