Објавено на:

Комшиски караници: Украина и Унгарија со тензични изјави за испраќањето оружје како помош

t

Додека западните лидери во Брисел разговараат за одговорите на руската инвазија, тензиите се крчкаат меѓу Унгарија, членка на НАТО и нејзиниот сосед Украина.

Портпаролот на унгарската влада го отфрли предлогот на заменик-премиерката на Украина Ирина Верешук дека Унгарија можеби се двоуми да усвои санкции против Русија и одби да испорача оружје на Киев затоа што го сака Закарпатија – регион во западна Украина дом на унгарското малцинство.

– Начинот на кој официјалното унгарско раководство се однесува кон Украина во последно време е уште полош од некои руски сателитски држави од поранешниот Советски Сојуз. Унгарците не поддржуваат санкции. Не даваат оружје. Не дозволуваат транзит на залихи на оружје од други земји. Тие велат „не“ на практично сè. Има многу мала разлика меѓу реториката на официјална Будимпешта и отворено проруската позиција. Зошто? Дали затоа што сакаат руски гас со попуст? Или можеби затоа што тивко ја сонуваат нашата Закаррпатија? – напиша Врешчукова на Фејсбук.

Коментарот на вицепремиерот на Украина е „не само неоснован, туку и луд“, одговори портпаролот на унгарската влада, додавајќи дека е „тажно да се види оваа лажна вест пропагирана од официјални лица на соседната земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто му ја плесна вистината во очи…

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…