Комшиски караници: Украина и Унгарија со тензични изјави за испраќањето оружје како помош
Додека западните лидери во Брисел разговараат за одговорите на руската инвазија, тензиите се крчкаат меѓу Унгарија, членка на НАТО и нејзиниот сосед Украина.
Портпаролот на унгарската влада го отфрли предлогот на заменик-премиерката на Украина Ирина Верешук дека Унгарија можеби се двоуми да усвои санкции против Русија и одби да испорача оружје на Киев затоа што го сака Закарпатија – регион во западна Украина дом на унгарското малцинство.
– Начинот на кој официјалното унгарско раководство се однесува кон Украина во последно време е уште полош од некои руски сателитски држави од поранешниот Советски Сојуз. Унгарците не поддржуваат санкции. Не даваат оружје. Не дозволуваат транзит на залихи на оружје од други земји. Тие велат „не“ на практично сè. Има многу мала разлика меѓу реториката на официјална Будимпешта и отворено проруската позиција. Зошто? Дали затоа што сакаат руски гас со попуст? Или можеби затоа што тивко ја сонуваат нашата Закаррпатија? – напиша Врешчукова на Фејсбук.
Коментарот на вицепремиерот на Украина е „не само неоснован, туку и луд“, одговори портпаролот на унгарската влада, додавајќи дека е „тажно да се види оваа лажна вест пропагирана од официјални лица на соседната земја“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…