Објавено на:

Конашенков: Во 24 часа елиминирани се 780 украински војници

t

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во изминатите 24 часа убиени се повеќе од 780 украински војници.

– Руската авијација, ракетните единици и артилеријата елиминираа повеќе од 780 украински војници во изминатите 24 часа, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-потполковник Игор Конашенков.

Тој додаде дека над 300 украински војници и странски платеници, како и 35 парчиња тешко вооружување се елиминирани при прецизни удари во близина на Николајев.

– Од почетокот на специјалната воена операција, руските вооружени сили елиминираа 213 украински авиони, 1.355 беспилотни летала, 3.797 оклопни возила и 670 ракетни системи, наведе Конашенков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…